Loading Video...
Балкан
7. January 2025 - 16:29

Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија

Мицкоски не сака да коментира и да се меша во внатрешните работи на Бугарија по повод прекинот на договорите за формирање на политичка влада во Софија. Тој не откри и дали ова значи дека новите разговори за деблокада македонските евроинтеграции што ги најави за 2025 година со официјални бугарски претставници ќе се одивива со техничката влада кај источниот сосед.

Добро е да имаме соседи кои што имаат стабилна политичка влада. Ако е состојбата таму таква, јас не би сакал да давам коментари и да се мешам во внатрешните работи на друга држава, исто како што не сакам ни мене да ми се мешаат во внатрешните работи на мојата земја. Им посакувам да се надминат разликите и да се формира политичка влада

Владата останува на ставот за уставни измени со одложено дејство што треба да биде постигнато преку дијалог со Софија, но Мицкоски веќе најави дека нема да бара решение  по секоја цена и дека ако има договор тој мора да има јасен и предвидлив крај за членството во ЕУ.

Бугарија влегува во најголемата политичка криза од демократски промени во 1989 година бидејќи веќе 4-та година по ред не може да формира или да одржи политичка влада. Лидерот на ГЕРБ Борисов во наделата ги прекина преговорите со „Демократска Бугарија“ за владиниот мандат. Иако ова се само прва рунда на преговори, бугарските медиуми веќе анализираат дека се можни нови избори веќе напролет.

Според политичките аналитичари, дури и со стабилна политичка влада многу се мали шанси да се промени ставиот околку францускиот предлог, дополнително во заострени политички односи можено е поголема радикализација на бигарските позиции. 

Според други аналитичари пак, додека ја чекаме стабилната влада во Бугарија треба да се посветиме на домашните реформи.