Loading Video...
Свет
7. January 2025 - 16:25

Преглед на вестите од светот

Најмалку 95 лица загинаа, а 130 се повредени во разорниот земјотрес што утринава го погоди кинескиот регион тибет. Многумина сè уште се заглавени под урнатините. Во тек е спасувачка операција.  Повеќе од 1.000 куќи се уништени во потресот со јачина од 7,1  степен по рихтер.  Најтешко погоден е округот Дингри.  Струјата и водата во регионот се во прекин. Според кинеската метеоролошка служба, температурите во вечерните часови во тибет ќе достигнат минус 18 степени. Спасувачите им делат кебиња на погодените. Кинескиот претседател си џинпинг нареди да се испратат сите расположливи сили за помош и поддршка во тибет.

Најмалку пет лица загинаа во снежното невреме што зафати голем дел од Соединетите Американски Држави. Жртвите настрадале во сообраќајни несреќи. Седум американски држави прогласија вонредна состојба – Мериленд, Вирџинија, Западна Вирџинија, Канзас, Мисури, Кентаки и Арканзас. . Повеќе од 200.000 луѓе синоќа останаа без струја низ државите погодени од бурата.

Северна кореја соопшти дека  вчера  успешно тестирала нова хиперсонична ракета со среден дострел. Ракетата прелетала 1500 километри и достигнала брзина 12 пати поголема од брзината на звукот пред да ја погоди целта во јапонското море.  Тестирањето го надгледувал лидерот ким јонг ун. Лансирањето на севернокорејската кореја се совпадна со поетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Јужна Кореја.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, по вчерашната оставка на канадскиот премиер, Џастин Трудо, го повтори својот предлог Канада да се спои со САД.

Многу луѓе во Канада сакаат да бидат 51-та држава. Соединетите американски држави повеќе не можат да ги трпат огромните трговски дефицити и субвенции што и се потребни на канада за да опстане. Џастин трудо го знаеше ова и поднесе оставка. Доколку  Канада се спои со САД, немаше да има царини, даноците ќе се намалат и тие ќе бидат  целосно безбедни  од заканата на руските и кинеските бродови кои постојано ги опкружуваат. Заедно – каква голема нација би била тоа!!! Напиша Трамп на на својата социјална мрежа трут соушал.

Трамп првпат ја изнесе идејата за „51 држава“   за време на вечера со трудо на крајот на ноември. За време на таа средба Трамп дофрлил дека Канада, ако не може да ги преживее  преживее царините од 25 отсто , што ги најавив по 20   јанаури  би можела да стане 51 американска држава.