Земјоделски саем во Кавадарци
Земјоделски саем по четврти пат се одржува во Кавадарци, во организација на кавадаречкото здружение „Винотек”, кое се залага за негување и развој на винската култура, винскитуризам и производи од грозје.
- Сите заинтересирани на саемот можат да се запознаат со понудата на винска и земјоделска опрема и механизација, заштитни средства и средства за наводнување и прихранување, најразличен вид на расад, најновите достигнувања во агроиндустријата. Се со цел подобри и поголеми приноси во земјоделството, рече во изјава за медиумите претседателот Јован Еленов, заблагодарувајќи се на поддршката од кавадаречката локална самоуправа.
Директорот на саемот Панче Арсовски додаде дека благодарение на оваа манифестација која станува традиционална, земјоделците можат да се запознаат со тоа до каде стигнала науката во земјоделското производство.
- Имаме долга и убава земјоделска традиција која се негува со години наназад, па саемот е меѓу другото и прилика земјоделските производители да можат да научат доколку сакаат, нешто повеќе околу тоа како да ги спојат традиционалното и модерното. Заради подобри земјоделски резултати и развој на земјоделството и туризмот, рече Арсовски.
Ново на Сител
-
Заклучена врата за излез во случај на опасност, слаба заштита и незаконски огномет - низа пропусти во клубот во Кочани
-
Пациенти од Штип и Кочани се пренесуваат на скопските клиники
-
Повеќе од 4 часа трае информативниот разговор со Крешник Бектеши
-
Повредените хоспитализирани во Скопје и земјите од регионот
-
Коцевски: Се бара краткотраен притвор за 10 лица, ова е ерозија на системот
-
Крешник Бектеши се поврзува околу фалсификуваните лиценци за дискотеката во Кочани
-
Од утре темелна истрага, контрола на сите дискотеки во државата и немилосрдна борба против корумпираниот систем
-
Мицкоски: Ќе има силна кривична одговорност, независно кој од која партија е, на која функција или од која институција