Македонија
16. March 2025 - 21:55

Од утре темелна истрага, контрола на сите дискотеки во државата и немилосрдна борба против корумпираниот систем

Темелна истрага, немилосрдна борба бортив коруптивниот систем, кривична и морална одговорност по страшната трагедија во Кочани најави премиерот Христијан Мицкоски, на како што рече, најтажниот ден што го живее Македонија од нејзината самостојност.

Милост во истрагата ќе нема за никого. Премиерот вели ќе се рестартира целиот систем бидејки досега ова било систем кој се храни од лаги и од погрешни луѓе со погрешни одлуки.

Мицкоски ги потврди информациите дека дискотеката работела со фалсификувани или нелегални документи.

Десетина минути пред несреќата во клубот била спроведена и полициската акција за недозволена трговија со дрога и присуство на малолетници по полноќ

Од утре почнуваат нови контроли за сите угостителски објекти.

Владата на вонредна седница прогласи седум дневна жалост на територијата на целата територија на Македонија, а знамињата се на половина копје.