Започна меѓународната воена вежба во Грција со учество на специјалните сили од Северна Македонија
Со учество на специјалните сили од Северна Македонија, Кипар, Австрија, Бугарија, Франција, САД, Црна Гора, Србија и домаќинот Грција, како и набљудувачи од Египет и Израел, вчера започна меѓународната вежба „ОРИОН 23“ на специјални сили - сили за специјални операции, што ќе трае до 5 мај, јави дописничката на МИА од Атина.
Меѓународната вежба планирано е да се одржува во поширокиот копнен и поморски дел на регионите Атика и Виотиа, а од Генералштабот на грчката армија на Твитер објавија фотографии од денешната вежба на специјалните сили на Грција заедно со нивните колеги од земјите учеснички.
Вежбата „ОРИОН 23“ се одржува по шести пат и е паралелно и во склоп на Мултинационална воздушна вежба „ИНИОХОС 2023“ што исто така започна денеска.
Од Генералштабот на грчката армија (ГЕЕТА) соопштија дека за време на вежбата „ОРИОН 23“, што ја планира и спроведува Специјалната команда за војување на ГЕЕТА, избрано е сценарио кое предвидува формирање на Команда за специјални операции во која ќе има група за специјални копнени операции и група за поморски специјални операции.
Паралелно започна и Мултинационалната воздушна вежба „ИНИОХОС 2023“ во која со воздухопловни средства учествуваат САД, Кипар, Индија, Јордан, Шпанија, Италија, Саудиска Арабија, Словенија и домаќинот Грција, а Австрија и Канада ќе имаат само воен персонал, додека пак учеството на Германија, Обединетите Арапски Емирати, Мароко, Црна Гора, Бахреин, Словачка и Тунис е на ниво на набљудувачи.
Двете вежби, како што соопштија од ГЕЕТА се во рамките на меѓународните активности што ги организира и координира Генералштабот на грчката армија.
-Паралелното спроведување на двете вежби, во комбинација со интеракцијата меѓу трите ограноци на вооружените сили, Командата за специјално војување на ГЕЕТА и специјалните единици на безбедносните сили, како и со особено зголемениот број на учесници од странски земји, конкретната комбинирана оперативна обука ја прават уникатна од ваков вид, соопштија од Генералштабот на грчката армија.
Додадоа дека вежбите дополнително ја истакнуваат улогата на Грција како столб на безбедноста и стабилноста на поширокиот регион на Балканот и Медитеранот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба
-
Муцунски бара дијалог и взаемна почит - Георгиев внесување на бугарите во Уставот за отворање поглавја
-
Во Минхен средба Муцински-Георгиев – Мицкоски ќе се обрати на конференцијата утре
-
Филков: Коцевски направи сериозни грешки како јавен обвинител
-
Не сме виновни за високите цени, доматите 120 во маркет, а откуп 30 денари, велат производителите
-
Кога ќе заврши епидемијата на голема кашлица во Скопје која трае повеќе од една година?
-
Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп одбележува 75 години постоење во мизерни услови
-
Најава за продолжување на изградбата на стариот Струмички театар