-->
-->
Започна изградбата на водовод во село Луке, кривопаланечко
-->
Со средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, Програма за управување со води, отпочнаа активности за изградба нов водоснабдителен систем во село Луке, Кривопаланечко.
Ќе биде изградена водоводна мрежа во населените места Просарци, Камењарци и Мачорци во селото, со вкупна должина од 1.700 метри.
– Со овој проект е опфатена делница од 1.7 километри, примарна водоводна мрежа. Реализацијата на ваков проект е од витално значење за населението од ова подрачје и е основен предуслов за подобрување на условите и квалитетот на живот на граѓаните, посочија од локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
Изведувач на градежните работи е фирмата „Лабино Трејд“, Гостивар, а надзор на работата врши компанијата Веинг ДООЕЛ, Скопје.
На подрачјето на општина Крива Паланка тековно се реализира и проектот за изградба на локален пат во селото Трново, во должина од 500 метри.
На терен во тек се активности за асфалтирање на овој патен правец,а истите се имплементираат во рамки на третата фаза од проектот „Подобрување на условите за рурален развој, развој на туризмот и мобилноста во Североисточниот плански регион“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро