-->
-->
Захарова: Прага е свесна што следи по протерувањето руски дипломати
-->
Прага знае какви ќе бидат последиците по протерувањето на 18 руски дипломати од Чешка, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Прага е свесна за тоа што следи по ваквите трикови“, изјави Захарова за агенцијата ТАСС.
Чешка протера 18 руски дипломати под сомнение дека офицери на руската служба ГРУ биле вмешани во експлозијата на магацин за муниција во Врбјетице во Чешка есента 2014 година, кога загинаа две лица.
Вицепремиерот Јан Хамачек, кој привремено ја извршува и функцијата министер за надворешни работи, го извести рускиот амбасадор дека 18 дипломати од руската амбасада мора да ја напуштат Чешка во рок од 48 часа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје