Живот
6. February 2017 - 22:46

Загинал во станот: Отишол во тоалет и искрварил до смрт

Во петокот дошло до трагедија во куќата на 58-годишен маж од Леобен. Човекот искрварил до смрт по несреќата што му се случила во станот.

Тој среде ноќ отишол во тоалетот, се сопнал и влетал низ стаклената врата при што се здобил со исеченици од кои подоцна починал.

Обвинителот покрена истрага против братот на несреќниот маж. Овој несреќен Австриец влетал низ стаклената врата и сериозно се исекол, но наместо да повика итна помош се вратил назад во соба и си легнал во кревотот.

Нешто подоцна искрварил во креветот и им подлегнал на здобиенитге повреди. Според изјавата од братот, тој му понудил да повика итна помош, но повредениот не сакал.

И покрај тоа обвинителот покрена истрага против братот на жртвата за да се утврди дали тој со својата постапка е одговорен за недавање на помош на својот брат, кој така можел да биде спасен.