Македонија
6. February 2025 - 12:35

Стартува проектот за изградба на најголемиот ветерен парк на западен балкан

Започна реализацијата на проектот за изградба на најголемиот ветерен парк на Западен Балкан, кој ќе се простора на површина од 326 ха, во главно на територија на општина Штип. Проектот ќе се работи во три фази. Во тек е првата, фазата на проектирање и развој, а со изградба треба да се започне во втората половина од годината. Ќе бидат изградени 53 ветерни турбини, секоја со капацитет до 8 мегавати, со вкупна моќност од 396 мегавати. 

- Се проценива дека ќе произведува чиста енергија доволна за 150 000 домаќинства, со што ќе се спречи создавање на 980 000 тони ЦО2 годишно. Струјата која ќе биде произведена во бетерниот парк, ќе биде пренесена во националната мрежа. Исто така, ќе има 70 километри внатрешни пристапни патишта , изјави Тања Димитрова Филковска, експерт за животна средина

Откако ќе биде изграден, петкратно ќе го зголеми инсталираниот капациетет на добивање на ветерна енергија во државата. Додадена вредност ќе биде и отворањето на привремени и постојани работни места, откако системот ќе стане оперативен.

- Изведувачите ќе бидат охрабрени да ангажираат локални подизведувачи, локална работна сила, како и даватели на услуги, каде што тоа е можно, додаде Димитрова Филковска

Според проектната документација ветерниците ќе станат функционални во 2027-ма, а животниот век на ветерниот парк е 30 години.