Македонија
6. February 2025 - 12:34
Охрид ќе добие катна гаража и нов плоштад
Охрид оваа година после 30 години ветувања ќе добие катна гаража и нов плоштад кај чинарот.Градоначалникот Пецаков вели дека потпишани се дозволи за градба од страна на министерството за транспорт и врски и министертвото за култура за отпочнување на овие капитални проекти.
Акцент ќе се става на животната средина во градот ќе се дислоцира депонијата Буково која претставува еколошка бомба и го труе населението од охридско-преспанскиот регион а воедно е и една од препораките на Унеско.
Градоначалникот Пецаков најави дека депонијата Буково ќе се покрива со земја за да не се шири миризба од чадот ќе се осветли ,огради и ќе се постави видеонадзор се до нејзната трајна дислокација и изградба на регионална депонија во Новаци.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->