Заев: Злото се заканува но ние сме борбата против злото
Народот сака да види подобри резултати, но од спротива се заканува злото. Ние сме борбата против злото, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
Во продолжение ја пренесуваме целата објава на премиерот:
„Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа.
Народот сака да види подобри резултати, но од спротива се заканува злото.
Ние сме борбата против злото. Сите ние, секој од нас.
Граѓаните ја бараат нашата мобилизација и ќе ја добијат нашата мобилизација.
Граѓаните сакаат земјата и општините да ни одат напред и ние мораме да го дадеме максимумот за тоа да се случи.
Влегуваме во вториот круг и во борба за секој еден град и за правецот на нашата земја.
Сега е најважно ОБЕДИНУВАЊЕТО.“ - напиша Заев на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест