Заев – Ратас: Силна поддршка од Естонија за започнување преговори со ЕУ во октомври
Премиерот Зоран Заев во придружба на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, оствари средба со премиерот на Естонија Јури Ратас, на маргините на генералната дебата на 74. Генерално собрание на Обединетите нации.
На средбата, како што информираат од владината прес-служба, премиерите Заев и Ратас ги истакнале пријателските односи меѓу двете земји и изразиле подготвеност за нивно интензивирање со проширување на соработката на повеќе планови.
Премиерот Заев му се заблагодари на естонскиот премиер за поддршката и за потпишувањето на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во членство во НАТО.
На средбата заеднички е оценето дека самитот на Европскиот Совет во октомври е од суштинска важност за Северна Македонија кога се очекува да бидат исполнети ветувањата за датум за старт на пристапните разговори, и дека Естонија ќе продолжи со поддршката за Северна Македонија во оваа насока.
Двајцата премиери, се вели во соопштението, се согласиле дека Северна Македонија во последните две години направи исклучителен прогрес во реформите дома, како и напредок во остварувањето на стандардите во процесот за пристапување во ЕУ, како резултат на одличната соработка со европските институции.
Премиерите на Северна Македонија и на Естонија, Заев и Ратас изразија заложба да ја поттикнат соработката меѓу двете земји на планот на трговијата и информатичкиот сектор, особено заради извонредните искуства на Естонија.
Ново на Сител
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра отишол да се бори за руската војска - кривична за скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода
-
Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана од 19 до 21 март
-
УЈП: Уште два дена за поднесување на ДДВ - 04 пријавите
-
По пауза од 17 години од март директна авиолинија Скопје - Амстердам