Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
Повеќе од 20 правни експерти ќе бараат спорни одредби од Законот за употреба на јазиците на подготвителната седница во март следната година.
Уставниот суд веќе добил и повратна информација од Венецијанската комисија дека прифаќаат да изготват пријателско мислење, по што ќе се носи и конечна одлука. Но дали лично претставници на Комисијата ќе ги елаборираат забелешките во Скопје, нема потврда. Претседателот на судот Дарко Костадиновски очекува на подготвителната седница да се појават и судиите албанци кои ја бојкотираа седницата.
За првиот човек на Уставен, обидите за политизација и етнизација на постапките значат политички притисок и влијание врз судот. Им се обрати на политичарите, да ги тргнат рацете од Уставниот суд, бидејќи нема да прифати никакви влијанија.
Костадиновски најавува и дека на првата седница во јануари ќе се носат одлуки и по иницијативите за солидарниот данок и за Кривичниот законик. Ја оцени годинава како успешна бидејќи судот по пауза од две години работи во полн состав со девет судии, но истовреме и турбулентна со бројни предизвици.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар