Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
Растат трошоците за живот. Синдикатите пресметаа дека на четиричлено семејство месецов му се потребни 840 денари повеќе од претходниот. За најосновните потреби, од домашниот буџет треба да издвои речиси 63 илјади денари и тоа ако има свој стан или куќа. Ако плаќа и кирија, на семејството ќе му требаат над 78 илјади денари. Најмногу поскапела храната, а повеќе пари се потребни и за облека и обувки, хигиена, ресторани.
КАТЕГОРИЈА |
ДЕКЕМВРИ |
НОЕМВРИ |
РАЗЛИКА |
Храна и пијалаци |
23.075 |
22.678 |
+397 |
Облека и обувки |
5.728 |
5.659 |
+69 |
Станарина, вода, електрична енергија, и греење |
6.020 |
6.020 |
0 |
Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот |
2.087 |
1.901 |
+186 |
Здравје |
1.135 |
1.135 |
0 |
Транспорт |
4.727 |
4.727 |
0 |
Комуникации |
3.417 |
3.417 |
0 |
Рекреација и култура |
4.458 |
4.458 |
0 |
Образование |
6.984 |
7.036 |
-52 |
Ресторани и хотели |
4.131 |
3.891 |
+240 |
Останати стоки и услуги |
1.100 |
1.100 |
0 |
Вкупно СМК |
62.861 |
62.021 |
+840 |
Иако веќе една недела е во сила мерката „новогодишна кошница“, граѓаните се едногласни дека нема никакво поевтинување во маркетите.
„Се е скапо. Каква кошничка, нема никаква кошничка. Се е тоа замајување некое.“
„Кажуваат на телевизија дека е поевтинето, а кога ќе видиш 2 илајди за ништо ќе ти отидат. Нема никакво поевтинување. Тоа е за малку да ни замачкаат очи.“
„Што ќе помогне, или намалете или не. Ова е играње со народот.“
„Претходно ги качија за да се рече дека намалиле сега.“
И од ССМ велат загрижува тоа што трговците повторно го искористија периодот пред мерката и евидентно ги зголемија цените.
„Сојузот на синдикатите на Македонија бара мерките да траат подолго, за Владата значително да придонесе за зачувување на животниот стандард на граѓаните, а следната мерка да биде без за истата да бидат информирани трговците и стопанствениците за да не направат повторно злоупотреби на грбот на граѓаните и работниците“
Заменик министерот за економија вели синдикатите се партнери во акцијата за следење на цените.
„Сите замерки кои ќе бидат посочени од страна на синдикатите и организацијата на потрошувачи, и пред се на граѓаните ќе бидат прифатени и во секоја наредна мерка се она што сме утврдиле дека е негативно од претходно ќе биде прифатено и усвоено“ - Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
Тој уверува дека пазарните инспектори се постојано на терен и ги проверуваат цените. Тврди дека веќе се изречени опомени, а натаму може да се пишуваат и казни.
„Новогодишната кошница“ стапи на сила на 15 декември и ќе трае до 15 јануари.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар