Заев и Ципрас меѓу најсериозните кандидати за Нобеловата награда за мир
Премиерот на Република Македонија Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас се меѓу фаворитите за Нобеловата награда за мир. Ова за грчката агенција АНА-МПА го изјави Виктор Нумелин, спрецијален уредник за Нобеловите награди на шведската новинска агенција ТТ.
- Тешко е да се каже кој е кандидат, а кој не е. Јавна тајна е дека имињата им се споменуваат за наградата. Секоја година се прават многу предлози и дискусии за наградата... Оваа година зборуваме многу за Корејскиот полуостров, за миграцијата, за ситуацијата меѓу Македонија и Грција и нивните меѓусебни преговори, изјави шведскиот новинар.
Тој нагласува дека многумина од членовите на Комисијата ќе сметаат дека „е идеално наградата за мир да биде дадена на премиерите на двете држави“.
- Би било идеално наградата за мир да им биде дадена на двајцата премиери од двете држави или на некој друг кој учествувал во преговорите, изјави Нумелин.
Тој, сепак, тврди дека нискиот одѕив на референдумот во Македонија ги прави работите потешки, иако ништо не е исклучено.
Ново на Сител
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен