Македонија
4. March 2025 - 12:24

Инвестиција од 300 милиони евра за изградба на соларен парк „Стипион“

 
На местото каде што требаше да биде Карго аеродромот, ќе се гради соларниот парк „Стипион“, кој ќе се простира на територија на општините Штип и Свети Николе.  Фотоволтаичната централа ќе произведува 400 мегавати електрична енергија и ќе биде најголема во земјите од Западен Балкан, инвестиција од околу 300 милиони евра. 
- Убедени сме дека изградбата на соларниот парк ќе го завршиме во 2027 година. Неговата изградба ќе трае од 12 до 18 месеци, изјави Катинка Рамбер, директор на компанијата „Акуо“
Оваа сончева централа ќе придонесе и на намалување на увозот на електрична енергија.
- Оваа централа е од 400 мегавати и мислам дека ќе биде доволно за еден град со 30.000 до 40.000 жители. Ќе придонесе за снабдуваањето и сигурноста на системот во државата, но и за намалување на увозот на електрична енергија, што е и клучно прашање, изјави Славе Ивановски, експерт за енергетска политика
При инсталирање на централата, студентите од неколку факултети при штипскиот Универзитет ќе имаат практична настава.
- Студенти ќе бидат вклучени во конкретни активности, и во поставувањето на самиот парк, но и во изградбата на нивните станици, изјави Мишко Џидров, проректор за настава на УГД-Штип.
Со оваа, но и инвестицијата во ветерниот парк, Штип ќе прерасне во енергетски центар, благодарение на природниот потенцијал, голем број на сончеви и ветровити денови во годината. 
- Катинка Рамбер, директор на компанијата „Акуо“
- Славе Ивановски, експерт за енергетска политика
- Мишко Џидров, проректор за настава на УГД-Штип.
 
ИНВЕСТИЦИЈА ОД 300 МИЛИОИНИ ЕВРА ЗА ИЗГРАДБА НА СОЛАРЕН ПАРК „СТИПИОН“