Македонија
4. March 2025 - 16:37

Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори

Албанците нема да дозволат локални избори. Нема да седиме на кафе додека Уставниот суд го укинува албанскиот јазик. Екс шефот на дипломатијата во интервју за ТВ21 ги повтори заканите на Ахмети. Најави тешка политичка криза која според него ќе може да се реши само со предвремени парламентарни избори и нов договор меѓу Македонците и Албанците. 

Османи не е тој кој треба да се грижи за правата на Албанците бидејќи тие имаат свој легитимен претставник во Владата, вратија од коалициајта ВРЕДИ

Викендов и Ахмети од Липково се закани дека Албанците нема да дозволат да се постават кутии за локалните избори доколку се допре законот за јазиците. И тој смета дека предвремени избори се најдобро решение. 

Заканите од ДУИ не предизвикуваат сериозна загриженост во македонскиот политички блок. Од СДСМ вчера му порачаа на ДУИ да се помири дека веќе не е фактор на македонската политичка сцена. Слична порака денеска и од ВМРО-ДПМНЕ.

Уставниот суд веќе најави дека подготвителната седница за Законот за јазиците ќе ја одржи на 20 март, а одлуката би можела да се очекува на крајот на мај или почетокот на јуни, неколку месеци пред изборите кои ќе се одржат во октомври.