Заев: Грешки се случуваат, но сум знаел секогаш да се коригирам, и овој пат се коригирам
Лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев уште еднаш се извини за кажаното за Шарената револуција што се слушна во еден од објавените аудио материјали.
-Јас и јавно се извинив на Фејсбук, објавив Фејсбук статус достапен до сите. Сигурно и до граѓаните учесници во Шарената револуција кои ги следат Фејсбук објавите. Доказ за тоа каков сум навистина покажуваат овие три години зад нас. Имавме одлична соработка, учевме од нив, тие се голем дел активисти во граѓанските организации, но многу голем процент од учесниците во Шарената револуција се граѓани неопределени во политичките партии… Секако после два часа и 17 минути седење во кафеана на слободен разговор се случуваат грешки. Сум знаел секогаш да се коригирам и овој пат се коригирам заради тоа што ниту сум го мислел тоа, ниту еве времето покажа дека сум имал некои непријатности во работењето. Напротив, имавме одлична соработка, изработивме заедно многу за нашата земја, рече Заев на новинарско прашање на прес – конференцијата пред Собранието по повод предавањето на предлог Преговарачката рамка во Советот на ЕУ.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка