За овој херој не се зборува: Се фрлил на бомбаш самоубиец – Спречил поголем масакр
Бомбашкиот напад во Бејрут се случил еден ден пред трагедијата во Париз, и во две одвоени експлозии на двајца бомбаши самоубијци од ИСИС, загинале најмалку 37 лица, а повеќе од 200 биле ранети. Ќе имало многу повеќе жртви доколку не бил Адел Термос.
Тој се нашол на местото на првиот напад, пред џамијата во најраздвижената улица во бејрутското предградие Шија, кое го контролира Хезболах, и реагирал инстинктивно. Го забележал бомбашот, се фрлил на него, и ја активирал бомбата прекривајќи ја со своето тело.
Доколку не го направел тоа, бомбашот ќе успеел да дојде до масата луѓе и би загинале повеќе лица. Затоа сега го слават во неговото село Талус, каде на погребот се собрале неколку стотици луѓе. Додека другите го слават неговото дело, неговата ќерка, синот и сопругата тагуваат. Сепак, тагуваат со гордост во срцето, бидејќи светот го запознал Адел каков што и тие го познавале.
Можеби ова јуначко дело ќе помогне светот да обрати повеќе внимание за проблемите во Либан, каде моментално се наоѓаат милиони сириски бегалци, и каде во последните 30 месеци биле изведени 18 бомбашки, односно терористички напади.
Ново на Сител
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници