За 1 Мај сончево со локален дожд и температура до 31 степен
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските предели ќе има краткотраен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, информираат од УХМР.
Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 21 до 31 степен.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
Во наредните два дена времето ќе биде претежно стабилно и топло, само во планинските предели ќе има услови за краткотраен дожд. Во среда ќе дува умерен, а во четврток и засилен југоисточен ветер. Од четврток следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи. Повеќе врнежи се очекуваат во четврток и во сабота, особено во западните делови од државата.
Ново на Сител
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје