Балкан
5. March 2025 - 10:08

Вучиќ: Одговорните за инцидентите во Парламентот треба кривично да одговараат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по вчерашните инциденти во Парламентот, изјави дека чека да се изјасни Обвинителството и оти нема да се смири „додека тие што го направија тоа не одговараат“.

Тој вчерашните инциденти ги нарече „силеџиско и хулиганско однесување“ и ги обвини опозициските пратеници дека на измама успеале да внесат во Парламентот пиротехнички средства.

Вучиќ посочи и дека ќе бара кривична одговорност за одговорните.

Српскиот претседател посочи и дека трите пратенички кои вчера беа повредени се добро и во стабилна состојба.