Македонија
5. March 2025 - 15:59

33 годишник од Скопје, физички нападнал возач на ЈСП додека управувал со автобусот

На 04.03.2025 во 14.15 часот во СВР Скопје, Е.Х.(47) од Скопје пријавил дека околу 13.45 часот, додека управувал автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од Б.Џ.(33) од Скопје. 

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.