Во турски воздушен напад во северен Ирак погинале 23 Курди
– Во турски воздушен напад во северен Ирак, на 140 километри од границата, загинале 23 припадници на Курдската работничка партија (ПКК), која е забранета во Турција, соопшти денеска Министерството за одбрана.
Британските медиуми пренесуваат дека Турција редовно изведува задгранични воздушни напади во соседен Ирак, често пати со вооружени беспилотни летала, како дел од нејзината офанзива против милитантите на ПКК.
Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, пред три дена изјави дека војската изминатата недела во регионот Асос, што се наоѓа длабоко на ирачка територија, во своите воздушни напади погодила 16 цели.
ПКК во 1984 година почна бунт против турската држава, а во судирите што следеа беа убиени повеќе од 40.000 лица. Турција, САД и ЕУ ја сметаат ПКК за терористичка организација.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо