-->
-->
Во Собранието продолжува дебатата за законот за јазиците
-->
Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за европски прашања, на која на дневен ред е Предлог-законот за употреба на јазиците во второ читање.
Комисијата ќе ги разгледува поднесените амандмани по предложениот текст. Потоа законот во второ читање ќе оди повторно на пленарна седница на дебата по што ќе следува финално изјаснување на пратениците по текстот.
Потребата од носење закон за употреба на јазиците беше изгласана од пратениците на 15 ноември годинава. „За“ гласаа 66 пратеници, а 41 беа против.
Во Собранието на Република Македонија седница ќе одржи и Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.
На дневен ред е јавна расправа на тема: “70 години Универзална декларација на правата на човекот: Осврт“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз