Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е ослободена од вина во случајот „Тврдина“. На изрекувањето на пресудата, судијата рече дека Јавното обвинителство не докажало дека Јанкуловска ја издала наредбата за уништување на опремата за прислушување. Таа пак бидејќи најмногу била прислушувана, ќе бара отштета.
Условна казна во траење од две години судот одреди за обвинетата Валентина Симоновска. На три години затвор го осуди екс полицискиот началник Тони Јакимовски.
Највисоки казни добија началниците кои се во бегство. Горан Грујевски е осуден на 14 и пол години затвор, а Никола Бошковски, девет години и 10 месеци. По правосилност на пресудата, тројцата имаат обврска да вратат и над еден милион евра, сума која е еднаква на вредноста на уништената опрема за прислушување. Според доказите, системите со кои се прислушувало прво биле пресувани, а потоа дробени.
Во случајот обвинет беше и Сашо Мијалков, но за него, кривичниот прогон застаре по измените во Кривичниот законик. Според судијата, тоа бил упад во судската власт.
Случајот за масовното прислушување се судеше по вторпат откако Апелационит суд ја укина претходната пресуда. Судијата Енвер Беџети беше посочен дека девет месеци предметот го чувал во фиока, па заработи парична казна. Во меѓувреме, американските власти го ставија на црната листа со тврдење дека заедно со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби зеле мито за поткопување на пресудата со која тогаш на затвор беше осуден и Мијалков.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар