Во штипскиот регион се следи состојбата со зголемените водотеци
Во штипскиот регион нема никакви штети, ниту излевање на реката Брегалница од своето корито низ населбите, соопшти денеска шефот на Кризниот штаб за општина Штип, Тоше Ѓеоргиев.
- Немаме проблеми ниту со бунарите од кои градот се снабдува со водата за пиење, така да водата е за користење од водоводниот систем и е хемиски и бактеролошки е исправна, рече Ѓеоргиев.
Во текот на викендот поставени се околу 3.000 вреќи со песок во населбата „Ново село“, која е најкритичната точка во градот Штип од можно излевање на реката Брегалница.
- Будно ја следиме состојбата со водостојот на сите реки во општината. Ова го правиме во координација со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, вели Ѓеоргиев.
Во Лакавичкиот регион и покрај врнежите од дожд нема излевање на реката Лакавица, низ која се испушта водата од акумулацијата Мантово.
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила