Во Русија вчера евакуирани 15.000 лица поради лажни дојави за бомби
Повеќе од 15.000 лица од 92 објекта се евакуирани во текот на вчерашниот ден во шест руски градови, поради закани за бомби.
- Во текот на вчерашниот ден примени се анонимни закани за бомби во Москва и градовите Петропавловск Камчатски, Анжеро Суџенск, Саратов, Ставропољ и Михаиловски. Полицијата мораше да евакуира 15.300 лица од 92 објекта за да изврши проверка, изјави официјален претставник.
Меѓу објектите, кои се евакуирани се и руската Дума, Московскиот државен универзитет, шопинг центри, здравствени установи, училишта, автобуска станица и затвор.
Претставникот додаде дека сепак било утврдено оти станува збор за лажни дојави, бидејќи не бил пронајден ниту еден сомнителен предмет.
Лажните закани за поставени бомби во Русија почнаа на 11 септември, од кога се примени вкупно 3.400 дојави во 201 град и беа евакуирани околу 2,5 милиони жители.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат