Во Пехчево 330 ученици ја почнаа учебната година
Во општинското основно училиште „Ванчо Китанов“ во Пехчево денеска навреме започна новата учебна година. Градоначалникот на Општина Пехчево, Драган Тренчовски упати честитки за првиот училишен ден и на сите ученици им посака успеси во новата наставна година.
- Од денеска започнува вашата трка по знаења во која од ден на ден ќе бидете се побогати и побогати со нови знаења. Колку ќе бидете вредни, упорни и истрајни во таа трка, толку ќе успеете да станете почитувани и ценети граѓани на Пехчево и на Република Македонија. Но, за да го постигнете тоа, за да ги откриете сите тајни на математиката, македонскиот јазик, запознавањето на околината, музичкото, ликовното и физичкото образование, треба редовно да ги исполнувате вашите училишни задачи и да бидете вредни, активни и дисциплинирани ученици, порача градоначалникот Тренчовски.
Локалната самоуправа од Пехчево на сите првачиња им додели училишен прибор. Во пехчевската деветолетка настава првпат ќе следат 20 првачиња. Вкупниот број ученици во деветолетката изнесува 330 ученици.
Ново на Сител
-
Подигнување на свеста за органодарителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија