Преглед на вестите од светот
Десетици илјади луѓе ги продолжија блокадите на трите моста на реката Дунав во Нови Сад. Обвинителите досега обвинија 13 лица за катастрофата, но демонстрантите, опозициските партии и многу Срби ја обвинуваат трагедијата на корупцијата во владата на претседателот Александар Вучиќ и лошото управување.
Студентите од Белград – претходните денови пеш одеа од Белград до Нови Сад и беа бурно поздравени од населението во градовите каде минуваа
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека разговорите со професорите и претставниците на универзитетите треба да започнат што е можно поскоро. Тој изјави дека „непоколебливо ќе ја заштити Србија од оние кои сакаат нејзино уништување“, без да прецизира на кого мисли.
Во изминатите два месеци протестите ги водеа студентите кои блокираа десетици државни универзитети, а клучното барање беше надлежните кривично и политички да одговараат за несреќата.
Израелската војска разнесе неколку згради на окупираниот Западен Брег во неделата со серија истовремени експлозии за кои палестинската државна новинска агенција соопшти дека срушиле околу 20 згради во бегалскиот камп Џенин. Израелските сили спроведуваат масовна операција речиси две недели, за која израелската војска вели дека е насочена кон локални милитанти, вклучително и запленување резерви на оружје.
Портпаролот на војската рече дека „неколку објекти кои се користат како терористичка инфраструктура“ се демонтирани. Директорот на владината болница Џенин Висам Бејкер изјави за палестинската државна новинска агенција дека дел од болницата е оштетен во експлозиите, но дека нема жртви.
Хамас повика на „ескалација на отпорот“ против Израел по уривањето на зградите во Џенин.
Преминот Рафах беше важен влез за дотур на хуманитарна помош донирани од Египет, други земји и меѓународни организации за разурнатата од војна Газа.
На 19 јануари, преминот Рафах повторно беше отворен од египетска страна како дел од договорот за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел. Катарскиот премиер во неделата ги повика Израел и Хамас веднаш да започнат со преговорите за втората фаза од прекинот на огнот во Газа, додавајќи дека нема јасен план за тоа кога ќе почнат разговорите.
Во оваа фаза се очекува ослободување на сите преостанати заложници, траен прекин на огнот и целосно повлекување на израелските сили од Газа.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар