Свет
22. November 2016 - 11:35

Во Москва средба Путин - Лукашенко

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва ќе се сретне со белорускиот колега Александар Лукашенко, соопшти Кремљ.

Планирано е двајцата шефови на држави да разговараат за клучните прашања во билатералните односи, можностите за промоција на Евроазиската интеграција, како и за релевантни меѓународни проблеми.

Лукашенко неодамна изјави дека Белорусија и Русија и понатаму се стратешки партнери и дека двете земји продолжуваат да одржуваат рамноправи позиции на меѓународната сцена и покрај несогласувањата во областа на економската соработка.

- Русија била и останува за нас не само стратешки партнер и сојузник туку и братска земја, посочи Лукашенко.