Во Кочани уметнички портрет на Јордан Плевнеш
Во организација на средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ и Центарот за култура „Бели мугри“ синоќа во Кочани се одржа уметнички портрет на македонскиот писател Јордан Плевнеш насловен „Македонски состојби“.
Настанот се реализира по повод изборот на Плевнеш за редовен член на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите.
Пред поголем број посетители и љубители на драмската литература и уметност, за творештвото на Плевнеш зборуваше Доне Донев, професор по литература во кочанската гимназија, кој посебно ја истакна врската на Кочани со творештвото на Плевнеш.
- Кочани е првиот град во којшто ги започнуваме свеченостите по повод изборот на Јордан Плевнеш за академик бидејќи во драмското дело „Македонски состојби“ презентирано на повеќе јазици во светот, Плевнеш е инспириран од познатото семејство Поп Иванови, од таткото Стефан Поп Иванов и неговата ќерка Малина Поп Иванова, Македонци кои со својата револуционерна работа се истакнале на почетокот на 20 век, а потекнуваат токму од Кочани, истакна Донев.
Во рамки на уметничкиот портрет беше изведен и перформанс според текстови од авторот од студенти по актерска игра од класата на професор Мето Јовановски на Универзитетот за аудиовизуелни уметности - Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија - Скопје - Париз - Есен - Ротерам.
Ново на Сител
-
Гори крајречна трска во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино
-
Илјадници луѓе на протест во Истанбул втора ноќ по ред поради апсењето на градоначалникот
-
Има доволно крв на Трансфузиологија и апелираат да не се шири паника и апели за дарување на социјалните мрежи
-
Шпанска Амбасада: Шпанија секогаш блиску до Северна Македонија, се солидаризира со жртвите од пожарот
-
Уапсени Папазов, Димитровски и Илијев - последните тројца градоначалници на Кочани
-
Полициска акција во врска со пожарот во „Пулс“
-
Русија назначи преговарачи за разговорите со САД в понеделник за Украина
-
Белата куќа: Трамп целосно ја поддржува офанзивата на Израел во Газа