Има доволно крв на Трансфузиологија и апелираат да не се шири паника и апели за дарување на социјалните мрежи
„Почитувани граѓани
Ве известуваме дека ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина на РСМ располага со доволни количини на безбедна крв. Во моментот Институтот располага со 13.134 единици свежо смрзната плазма и 2473 единици еритроцити од сите крвни групи. Ги замолуваме граѓаните, порталите и медиумите да не објавуваат невистинити информации кои поради сензитивноста на состојбата прават пореметување на годишниот интегрален план за крводарување.
Благодарение на континуираната поддршка од нашите хумани крводарители нашата институција успешно ги задоволува барањата за сите пациенти вклучувајќи и потреба од крвни продукти за настраданите.
Однапред Ви се заблагодаруваме за разбирањето.
Со почит ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина“, стои во објавата од ИТМ.
Ново на Сител
-
Просечната нето плата во јануари 43.050 денари
-
Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци
-
Почина 18-годишниот Вукашин, шеснаесетта жртва на трагедијата во Нови Сад
-
Отворена истрага за пожарот во Кочани
-
Приведени тројца дилери
-
Одземени 97 лиценци согласно Законот за градење
-
Кривична за фирма од Струмица и управителот за даночно затајување при приредување игри на среќа
-
Отстранет штандот за свеќи и книгата на жалост во Кочани