Уапсени Папазов, Димитровски и Илијев - последните тројца градоначалници на Кочани
Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со постапката за пожарот во клубот „Пулс".
Од Јавното обвинителство соопштија дека акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации најави по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден.
Според првичните информации, приведени се поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов.
Љупчо Папазов, кој по пожарот поднесе неотовиклива оставка од функција, беше на сослушување пред обвинител во ОЈО Кочани на 17 март, а Обвинителството по завршување на неговиот распит најави дека дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката.
- Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката, информира од Обвинителството по завршување на распитот на Папазов.
Димитровски беше градоначалник на Кочани во период од 2009-2017 година, додека Илиев во период од 2017-2021 година.
Ново на Сител
-
Уште двајца повредени во пожарот во Кочани транспортирани во Шведска
-
Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани
-
Одреден 30 дневен притвор за Бектеши и 12 лица за пожарот во Кочани
-
Финците по осми пат најсреќната нација во светот, Македонците 86-ти на листата
-
Трамп: Договорот со Украина за ретки минерали ќе биде потпишан наскоро
-
Експлозија во складиште за нафта во Русија по напад на украински дрон
-
Лишен од слобода 44-годишен маж, пренесувал мигранти од Египет
-
МАТТО донира 3,3 милиони денари за семејствата на настраданите во Кочани