Во Грција повеќе нема да се воведуваат полициски час и забрана за музика во угостителските објекти
– Дополнителните рестрикции, како полицискиот час и забраната за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, што во Грција се воведуваа повремено, на локално ниво, во црвените зони со влошена епидемиолошка состојба, повеќе нема да бидат опција за воведување нови мерки, а во иднина се ќе си функционира регуларно, но со ограничувања за невакцинираните, јави дописничката на МИА од Атина.
Во затворените простори наменети само за вакцинирани лица, односно во угостителските објекти, ноќните клубови, баровите и сл, нема да постојат никакви ограничувања.
Црвени зони ќе постојат и понатаму, но само од информативен карактер за епидемиолошката состојба во земјата, без дополнителни мерки, а новите одлуки на грчката Влада, стапуваат во сила во сабота и ќе се ажурираат секои 15 дена.
Ново на Сител
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ