Во Грција и Италија вчера влегле околу 2.000 имигранти
Властите на Грција и Италија соопштија дека во текот на вчерашниот ден во двете земји влегле околу 2.000 имигранти од Турција, односно Северна Африка.
Грчката крајбрежна стража информира дека во пристаништето Пиреја од Турција, преку островите Лезбос, Хиос и Самос, пристигнале околу 1.700 имигранти.
Според истиот извор, од почетокот на неделава во Грција по морски пат од Турција влегле над 12.000 имигранти.
Во исто време, италијанската крајбрежна стража соопшти дека во Италија на католичкиот Божик влегле околу 300 имигранти, кои со бродови пристигнале од Северна Африка.
Според последните податоци на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), објавени во четвртокот, од почетокот на годинава во Грција преку Егејското Море од Турција пристигнале над 800.000 имигранти, додека во Италија преку Медитеранот од Африка илегално дошле околу 150.000 лица.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници