Српско МВР: Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.
Секторот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи на Србија (МВР) по наредба на Вишото јавно обвинителство започна истрага и прибирање информации, како и утврдување на фактите и околностите под кои Д.Д, осомничен во случајот со малата Данка, почина во Полициското одделение во Бор, јави дописникот на МИА од Белград.
Полициските службеници кои работат на овој случај постапуваат во целосна согласност со законот и нивните овластувања, се наведува во соопштението на МВР.
-Доколку се утврди дека имало злоупотреби и пречекорувања на овластувањата при постапување со починатиот Д.Д., Секторот за внатрешна контрола на МВР ќе поведе соодветни законски мерки против лицата кои го прекршиле законот и полициската етика, а јавноста за тоа ќе биде информирана во навремено, се наведува во соопштението.
Во него се посочува дека насловите што се појавија во некои таблоиди се тенденциозни и неточни и дека имаат за цел да извршат притисок врз членовите на МВР кои својата работа ја вршат професионално и согласно законот.
Адвокатот Родољуб Шабиќ оцени дека дури три случаи на неприродна смрт за краток временски период во полициските станици во Бор и Србобран и во институцијата за извршување на кривични санкции во Падинска Скела се крајно алармантни предупредувања за состојбата и проблемите во функционирањето на државниот репресивен систем.
Шабиќ, кој е и претседател на Граѓанскиот комитет за заштита на бранителите на човекови права, истакна дека ескалацијата на проблемот е резултат на неодговорното игнорирање, потценување и „туркање под тепих“ на ваквите случаи.
Ново на Сител
-
Амандманската комисиска расправа за ребалансот на буџетот почнува в понеделник
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина
-
Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани
-
Советот на јавни обвинители најави забелешка на три алтернативни членови на Предлог законот за Совет на ЈО со кои се врши депрофесионализација
-
АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово