Македонија
11. May 2024 - 16:34

ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори

Државната изборна комисија во понеделник на јавна седница ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори. 

До истекот на последниот рок, пристигнати се вкупно 27 приговори, вели портпаролката на ДИК, Алексовска.
„10 приговори се поднесени од коалицијата Вреди и тоа за избирачки места во Гостивар, Тетово, Желино, Боговиње и Врапчиште. 8 приговори од коалицијата Твоја Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, за избирачки места во Охрид, Демир Хисар, Крушево, Кичево, Струга, Битола, Долнени и Ресен. 5 приговори од коалицијата за Европска иднина за Струга, Битола и Кичево и 4 од партијата Левица за Чаир, Струга и Гази Баба“ –

Приговорите се групни што значи дека во рамките на еден приговор да се вклучени повеќе избирачки места, а имаат ист основ за поднесување, појаснува Алексовска.

Времетраењето на јавната седница за разгледување на приговорите не е ограничено.
Во меѓувреме, ДУИ обвини за изборен инжењеринг.

Според Изборниот законик, „Државната изборна комисија со решение ќе го повтори гласањето на гласачките места во случаите каде што гласањето е поништено само ако вкупниот број на запишани избирачи на тие избирачки места на ниво на изборна единица, град, односно општина влијае врз вкупните резултати“.
Приговори за претседателските избори немаше.