Во Франција за седум месеци се затворени 20 џамии
Француските власти од декември минатата година затвориле околу 20 џамии и простории за молитва, за кои е утврдено дека во нив се проповедал радикален ислам, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев.
- Во Франција нема место за оние кои повикуваат на омраза или ја поттикнуваат во простории за молитва, ниту за оние кои не почитуваат одредени републикански принципи, првично оние кои се однесуваат на еднаквост меѓу мажи и жени, истакна Казнев.
- Затоа пред неколку месеци донесов одлука за затворање на џамии по пат на примена на вонредна состојба, законски или административни мерки. Околу 20 џамии досега се затворени, а ќе има уште, нагласи Казнев по средбата со лидерите на Францускиот совет за муслиманска вера.
Во Франција има околу 2.500 џамии и простории за молитва, од кои за околу 120 се смета дека во нив се проповеда радикален ислам.
Министерот додаде дека од 2012 година од Франција се протерани 80 луѓе, а во тек се протеривања на уште некои.
Ново на Сител
-
ЦГК: За две години државата потрошила 8,5 милиони евра за нови автомобили
-
Пациенти алергични на полен ги полнат амбулантите
-
Полицијата го зголеми надзорот
-
Преглед на вестите од светот
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва