Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
Рускиот претседател Владимир Путин го пречека како што го нарече „големиот пријател“ Александар Лукашенко кој е во официјална посета на Москва. Тој рече дека разговарале за безбедноста и одбраната и размениле мислења за регионални прашања. Тие, исто така, потпишаа документи во кои се наведени безбедносните гаранции меѓу двете земји.
– Белорусија и Русија се сигурни сојузници, стратешки партнери и вистински пријатели. Русија е главен економски партнер на Белорусија. Ќе продолжиме да работиме заедно за изградба на сојузна држава. Договорот за безбедносни гаранции во рамките на сојузната држава стапи на сила, рече Путин.
Тој се осврна и на „тешката ситуација во светот, во Европа и на границите на нашите земји“. Тој рече дека руските воени сили се стационирани во Белорусија.
– Имаме тактичко нуклеарно оружје и одбранбени системи кои ја штитат нашата безбедност. Нашите западни граници се добро покриени.
Лукашенко потоа зеде збор.
– Разговорите со Путин беа интензивни и продуктивни и ќе продолжат утре. „Ќе соработувам тесно со Путин за украинското прашање, рече белорускиот претседател.
Тој нагласи дека „најважно е луѓето да веруваат во фактите“.
– Сите овие изјави и ветувања што ги слушаме се само празни зборови (зборувајќи за западни државници). Санкциите наметнати од Западот кон Русија се незаконски и ние ги осудуваме. Уверени сме дека ќе го издржиме овој притисок, рече Лукашенко.
– Русија ќе го продолжи својот курс кон технолошки суверенитет без оглед на односот со САД. „Ако западните компании сакаат да се вратат на нашиот пазар, ние нема да им дадеме посебни привилегии“, одговори на новинарско прашање, Путин.
Потоа следеше прашање за предлогот за прекин на огнот. Путин му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп што „посвети големо внимание на прашањето за решавање на конфликтот во Украина“ и продолжи:
– Русија се согласува со предлозите за прекин на огнот, но претпоставува дека овој прекин на огнот треба да доведе до долгорочен мир и да ги елиминира основните причини за кризата.
После тоа, тој зборуваше за ситуацијата во Курск.
– Бев во посета на регионот Курск, каде ситуацијата е целосно под наша контрола. Групата што ја нападна нашата територија е целосно изолирана. Украинците не можат да го напуштат Курск, или ќе се предадат или ќе загинат. Во такви околности би било добро за Украина да постигне 30-дневен прекин на огнот. Руските сили сега се во офанзива во сите области на фронтот, истакна Путин.
Тој продолжи:
– Што би значело прекин на огнот во Курск? Дека сите само ќе си заминат? Дали треба да ги ослободиме откако извршија бројни злосторства врз цивили или украинското раководство ќе им нареди да се предадат? Не е јасно што ќе се случи, рече Путин.
Тој утринава ги повтори изјавите на неговиот советник Ушаков дека прекинот на огнот ќе им понуди на Украинците шанса да се прегрупираат.
– Како ќе се решат другите аспекти долж линијата на фронтот долга 2.000 километри? Како што знаете, руските трупи напредуваат во сите сектори и постојат сите услови да се опколат прилично големи единици на украинската армија. Прашањето е што ќе се случи во текот на 30 дена, дали тоа ќе и овозможи на Украина да продолжи со присилната мобилизација, снабдувањето со оружје. А кој би го надгледувал прекинот на огнот?, праша Путин.
Додека двајцата имаа обраќање до јавноста, по средбата беше објавено заедничко соопштение. Во него се наведува дека Русија и Белорусија ги сметаат дејствата на НАТО во контекст на војната во Украина за „непријателски и дестабилизирачки“ и дека „го носат товарот на нуклеарниот конфликт“. Тие ја осудија политиката на Европската унија кон Русија, нарекувајќи ја „агресивна“ и „конфронтирачка“. Се нагласува дека Русија и Белорусија се подготвени да преземат воени и дипломатски мерки како одговор на акциите на НАТО.
Ново на Сител
-
Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки