Свет
25. December 2020 - 10:03

Во Франција 292 починати и над 20.000 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Франција се потврдени 21.634 нови случаи на коронавирус, а 292 лица починаа, објави Министерството за здравство на таа земја.

Вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата се искачи на 2.527.509, а досега се регистрирани 62.268 смртни случаи.

Франција во моментов е на седмото место во светот според бројот на смртни случаи од Ковид-19.