Во експлозија во фабрика за преработка на никел во Индонезија загинаа 13 работници
Најмалку 13 работници загинаа, а десетици се повредени во експлозија на висока печка во фабрика за преработка на никел во кинеска сопственост на индонезискиот остров Сулавеси, соопштија полицијата и официјални лица.
Несреќата се случила утринава во фабриката на компанијата PT Indonesia Tsigshan Stainless Steel, во индустрискиот парк Моровали на индонезискиот остров Сулавеси, соопшти портпаролот на таа индустриска зона Деди Курнијаван.
– Најмалку пет кинески и осум индонезиски работници загинаа кога печка експлодирала додека ја поправале, изјави началникот на полицијата во Централен Сулавеси.
Тој рече дека експлозијата била толку силна што ја уништила печката и ги оштетила ѕидовите на зградатаСпоред него, 38 работници се пренесени во болници, од кои некои се во критична состојба.
– Властите работат на утврдување дали несреќата е предизвикана од невнимание, рече началникот Сулавеси.
Ова е една од серијата смртоносни несреќи во топилниците на никел во Индонезија, кои се дел од кинеската амбициозна програма за транснационален развој, познат како „Појас и пат“.
Никелот е клучна состојка во глобалното производство на батерии за електрични возила.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството