Свет
21. December 2016 - 17:13

Во ДР Конго во судирите меѓу демонстрантите и полицијата загинаа 26 лица

Владата на Демократска Република Конго е под се поголем меѓународен притисок поради зголемувањето на бројот на загинати во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили.

Организациите за заштита на човековите права и Обединети нации тврдат дека имаат докази дека во вчерашните судири во Киншаса и во Лубумбаши убиени се најмалку 26 лица.

Портпаролот на Владата на ДР Конго изјави дека бројката на загинати лица е многу помала, а меѓу нив има и полицајци.