Во Демир Хисар изложба „Хаос“ на ликовната уметница Александра Најдовска
Во фоајето на Домот на културата во Демир Хисар вечер ќе биде отворена ликовна изложба со наслов „Хаос“ чиј автор е ликовната уметница Алаксандра Најдовска.
Најдовска се занимава со неколку ликовни правци, со стрип, карикатурата, графички и дигитален дизајн на плакат, но и улична графит уметност.
- На ликовната изложбата „Хаос“ ќе биде презентиран дел од ликовното творештво на Најдовска кој претставува обид на обединување на нејзините ликовни истражувања во различни стилски техники. Публиката ќе може даги види нејзините најрани уметнички обиди од областа на карикатура, претставени преку четири изработени карикатурални портрети на нејзини познаници, и тоа „Флеш предизвик: вистина или илузија“, „Help“, „Имаш ситно“ и „Техничка грешка“, информираат од секторот за односи со јавност на општина Демир Хисар.
Ликовната изложба на Александра Најдовска е културен настан во рамки на манифестациите кои општина Демир Хисар ги организира како избран Град на културата за 2018 година.
Ново на Сител
-
31 лице и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ
-
ФФМ призна дека ФК Силекс е елиминиран од судиите
-
ИЈЗ: Годинава има најмногу болни од грип – наредниот период се очекува намалување на активноста на вирусот
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит