Македонија
27. February 2025 - 16:47

31 лице и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ

31 лице и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ. По речиси тримесечната истрага Адитив, основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинителен акт до Кривичниот суд. 

Осомничените се товарат занезаконска набавка на адитиви тешка над 6,5 милиони евра од мала фирма сопственост на братучетка на еден од поранешните директори на ЕСМ.  
Несовесно работење, злосторничко здружување, злоупотреби при работењето и на постапка за јавен повик, перење пари се дел од кривичните дела за кои ќе се гонат во следниот период, а ќе се бара и конфискација на имот.  

Со обвинителниот акт обвинителството му предложи на судот одземање на движни предмети (телефони, електронски и мемориски уреди) што биле употребени при извршување на кривичните дела, додека со Посебен предлог се бара конфискација на парични средства и недвижен имот во сопственост на обвинетите и на трети лица, стои во соопштението.
Покрај ова од ОЈО ГОК ќе се бара и продолжување на мерката притвор за 9 лица и мерката куќен притвор за 1 лице, останатите обвинети во текот на истрагата останаа без патните исправи. 

Меѓу осомничените е и екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кој се уште е во бегство, а се бара и со меѓународна потерница.

Во притвор е поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов кој во текот на истрагата беше приведен на граничниот премин Табановце.