Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
Украина треба да заборави на членство во НАТО. Аспирациите на Киев за влез во воената алијансата веројатно беа причината поради кој почна војната изјави американскиот претседател. Трамп додаде дека и дека Русија ке мора да направи некои отстапки за прекин на огнот, но не прецизираше што ќе вклучуваат тие. Според шефот на Белаа куќа Европа е таа што треба да и даде безбедносни гаранции на Украина Ако дојде до договор за ставање крај на војната со Русија,
- Ќе го оставиме тоа на Европа, бидејќи Европа е нивен сосед. Но, ќе се погрижиме се да оди како што треба и, како што знаете, ќе бидеме партнери со Украина во однос на ретките минерални суровини кои ни се многу потребни, а Украинците ги имаат, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Изјавите Трамп ги даде пред средбата со британскиот премиер во Белата куќа. Стармер рече дека во фуксуот на денешните разговори со претседателот на САД ќе биде чество на Европа во мировни преговори за Украина, американски безбедносни граници и испраќање европски мировни сили во Украина во случај на прекин на огнот, но и билатералните однсони Вашинготн Лондон.
- Значи, мојата порака е дека сакаме да работиме со вас, сакаме да ви посакаме добредојде во Британија, сакаме ново партнерство, бидејќи нашата историја покажува дека кога работиме заедно, се случуваат големи работи, вели Стармер.
Во меѓувреме САД и Русија продолжуваат со разговори за ресетирање на билатералните односи. Денешниот состанок во Истанбул помегу претставници на Министесртвото за надворешни работи на Русија и на Америакнскиот Стејт Департмент и експерти, Шефот на Кремљ го оцени како позитивен.
„Првите контакти со новата американска администрација даваат одредени надежи.Важно е нашите сегашни партнери (да покажат прагматизам и реалистично гледање на работите. Разбираме дека не сите го поздравуваат обновувањето на контактите Русија-САД. Некои западни елити (ПРОМЕНА НА ИСПОЛНИТЕ) продолжуваат да бараат (ВО СУД) нестабилност во светот и овие сили ќе се обидат да го нарушат или поткопаат дијалогот што започна. Ние го гледаме тоа.
Утре американскиот претседател Трамп ќе има средба со неговиот украинскиот колега Зеленски. Трамп изјави дека на средбата треба да биде потпишен договорот за украински ретки минерали за кој рече дека тесно ќе ги поврзе двете земји во наредните години.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар