Во Делчево релативно мирна новогодишна ноќ
Во Делчево новогодишната ноќ помина во релативно мирна атмосфера. Од страна на Итната медицинска служба прегледени се 12 пациенти од кои девет биле итни случаи, а три лица се повредени во една сообраќајна незгода.
Раководителот на Службата за итна медицинска помош магистер д-р Гоце Стојменовски информира дека на сите пациенти им е дадена соодветната медицинска помош и нема транспортирани пациенти до болничките центри во Штип и Скопје.
- За новогодишната ноќ имавме три алкохолизирани млади лица на возраст од 18 до 26 години студенти. Имавме пациенти со главоболка и вртоглавица, а останатите се со покачен крвен притисок. Трите лица од сообраќајната незгода којашто се случила на семафорите на крстосницата каде се вклучува меѓународниот пат за Бугарија, за среќа помнаа без повреди, изјави магистер д-р Стојменовски.
Тој истакна дека новогодишната ноќ поминала релативно мирно во споредба со претходни години кога имало алкохолни коми и реанимации на млади лица.
- Празниците се секогаш повод за поголемо внесување на алкохол и на мрсна, калорична храна, но препорачувам да се внесува помалку алкохол, а доколку се консумира, задолжително да биде тоа со вода или сок за да се разредува токсинот. Комбинацијата со мрсна и калорична храна е лоша за целиот организам, а најмногу страда дигестивниот систем и може да дојде до најтешката компликација акутен панкреатит. Доколку се случи алкохолизирано лице да западне во алкохолна кома, треба навреме да се реагира, бидејќи максимален рок за детоксикација на организамот е четири часа. Доколку се испушти овој рок, можат да се случат фатални последици, истакна Стојменовски.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Ќе бараме кривично правна одговорност за насилничкото однесување на опозицијата
-
Едно лице загина, а две се тешко повредени на автопатот Тетово - Гостивар
-
Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под силно водство на претседателот Трамп
-
Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација
-
Сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат
-
Петгодишно дете се затруло со таблети во Делчевско
-
За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
-
46-годишна жена измамена за 600 евра