Во Центар Жупа денеска ќе гласаат 57 болни и изнемоштени лица
Пред утрешниот неделен изборен ден за градоначалник во Општина Центар Жупа денеска правото на глас треба да го остварат 57 болни и изнемоштени лица.
-Според утврдениот план, во 14 часот ќе почнеме со распределба на изборниот материјал, по што определните избрачки одбори ќе ги посетат 57-те болни и изнемоштени лица, за да го остварат правото на глас. Барање имавме од 61 лице, но на четири од нив не им беше прифатено барањето, бидејќи не беа во единствениот избирачки список, изјави за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.
Споредено со локалните избори од 17 октомври, додава тој, овој пат бројот на овие лица е поголем за 40.
-Утре правото на глас треба да го остварат 7.077 лица, што е за 240 гласачи помалку споредено со локалните избори од октомври минатата година. Како комисија ги презедовме сите потребни активности за еден нормален изборен процес, рече Илјаз.
Во трка за градоначалничкото место се двајца кандидати, предложени од политички партии.
Во оваа печалбарска општина, се повторува гласањето за градоначалник, бидејќи излезноста беше 25,7 отсто и не беше обезбеден потребниот цензус на излезност од 1/3 од вкупно, тогаш запишаните 7.317 гласачи.
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот