Македонија
8. January 2025 - 12:14
Охрид привлечен за посетителите
Охрид за големиот верски празник Божиќ исполнет претежно со домашни гости и тоа најчесто оние кои си имаат свои викенд станови, но не изостануваат ни оние од нашето соседство иако станува збор за семеен празник, сепак во градот има празничен дух.
Хотелиерите велат дека градот кој изобилува со верски храмови и културно историски знаменитости има што да понуди за туристите.
Покрај на градскиот плоштад забавна прогнама за празничните денови за сечиј вкус подготвија и угостителите кои дополнително привлекуваат туристи. Инаку Охрид гости очекува и за дочекот на Стара Нова Година и големиот верски празник Богојавление Водици.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->