Во Брисел се одржува Советот за асоцијација ЕУ – Украина
И покрај војната денеска во Брисел се одржува осмиот Совет за асоцијација помеѓу ЕУ и Украина, во присуство на украинскиот премиер, јави дописничката на МИА од Брисел.
Премиерот на Украина, Денис Шмихал, ќе се сретне остане со високиот претставник за надворешна политика, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, по што ќе одржат заедничка прес конференција попладнево. Украина и Европската Комисија денеска потпишаа и нова програма на буџетска поддршка во износ од 500 милиони евра за помош на раселените лица и на украинското земјоделство.
Украина исто така ќе се придружи кон Дигиталната програма на ЕУ како и другите земји членки на ЕУ и ќе можат украинските бизниси и администрација да добиваат фондови од дигитални области како вештачката интелигенција, дигитални вештини итн. ЕУ исто така ќе ја олесни соработката во даночната и царинската политика со Украина. Украина во јуни оваа година доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ.
Ново на Сител
-
Труење со салмонела: Затворени сендвичара во Аеродром и ресторан во Влае
-
ЗНАМ и ВРЕДИ повторно со спротивни ставови за употребата на албанското знаме
-
Тема на денот со Максим Ацевски, главен државен ревизор
-
Мицкоски ќе земе 500 милиони евра позајмица од Орбан
-
Мицкоски: Сакаме да бидеме добри соседи, но не со свиткана кичма
-
Давкова: Младите на доброволна основа да може да отслужуваат воен рок
-
Искршени детски игралишта, се бараат сторителите
-
Пожарот во Неготино се уште активен