Македонија
11. July 2024 - 16:38

Искршени детски игралишта, се бараат сторителите

Вандали ги запоседнаа детските игралишта во скопската населба Капиштец. Видеата снимени од граѓани кои живеат во блиските згради го покажуваат однесувањето на младите. Фрлаат делови од детските реквизити, а насилничкото однесување го покажуваат и врз лулашките. Други пак ги покажуваат своите акробатски вештини со дувалка за лисја која претходно ја украле од комунален пункт.. 

Оштетувањата ги регистрираше и камерата на Сител. Искорнати дрвени скали, украдена заштитна ограда, делови од игралиштето завршиле во заштитен метален појас за млади садници.

Снимките се веќе во раце на полицијата, а од општината Центар велат треба да се пример како не треба да се воспитуваат децата.

Од МВР велат дека се работи на пронаоѓање на лицата од видеата.. Ќе се засилува и полициското обезбедување.

Од Општина Центар велат дека уште од викендов ќе има засилено полициско обезбедување, а наскоро ќе бидат поставени и камери околу детските игралишта.